дома
контакт
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА 
Дали може да се купи играчка на мало во Вашиот магацин?
Во нашиот изложбено – магацински простор во Автокоманда може да се купува исклучиво на големо (набавки над 10.000 ден.)  (Нормално, постоечките купувачи на големо, можат да купуваат и многу помали поединечни набавки, кога вршат дополнувања на својот асортиман, а притоа битен е фактот што тие остваруваат голем вкупен промет во текот на одреден временски период, иако некои поединечни набавки можеби се помали од 10.000 ден.)

Како да купам играчка преку интернет?
www.sakamigracka.com е првиот македонски портал за играчки и детска опрема. Можност да ги избегнете градските гужви, да заштедите време, да изненадите некого со подарок...

Немам фирма, а сакам да го видам вашиот асортиман.  Како?
Посетете не на www.sakamigracka.com, каде што можете да го разгледате асортиманот на Дексико, но напоменуваме дека овој сајт содржи одреден број производи кои немаат можност за големопродажба.

Имам фирма што се занимава со продажба на играчки, и сакам да го видам Вашиот асортиман преку интернет.  Како?
Пополнете ја контакт формата наведувајќи ги името на Вашата фирма, адреса, даночен број, лице за контакт и телефон, и краток коментар дека барате име и лозинка.  Ние ќе ви отвориме и ќе Ви одговориме преку e-mail.

Дали името и лозинката имаат рок на важност?
Да.  Вообичаено при отварање на ново име/лозинка, системот автоматски ќе ја деактивира доколку не добиеме валидна нарачка во рок од 7 или 14 дена (зависно од случајот).  Во тој рок клиентот има можност да го разгледа асортиманот и цените, како и да се запознае со функционирањето на системот.

Моето име и лозинка не се повеќе валидни, а јас имам потреба од системот за нарачки преку интернет.  Што да правам?
Контактирајте не преку контакт формата, и објаснете.  Вашето име и лозинка може повторно да бидат активирани, или да Ви отвориме ново име и лозинка.

Ги заборавив името и лозинката.  Што да правам?
Контактирајте не преку контакт формата, или на телефон (02) 317 1 984 -  075/ 222 2221  и ние ќе Ви ги испратиме преку mail или SMS.

Не ми е јасно нешто во врска со интернет нарачките...
Можете да не побарате на (02) 3171 984 или 075/222 221 и ние ќе одговориме на било кои Ваши прашања во врска со системот за нарачки преку интернет.

Дали давате попуст/рабат?
За големи поединечни набавки, или за остварени големи износи на набавки во тек на одреден период, постои можност да одобриме одредени количински рабати.  Вообичаена практика ни е прво да отпочнеме со работа, а после да се договараме за можностите остварениот или планираниот промет да спадне во категорија за која би се одобрил количински рабат.

За продажба на големо - дали вршите доставување до мојата продавница?
Дексико врши бесплатна достава на Вашите нарачки до Вашите малопродажни објекти. Рокот во кој тоа ќе биде направено зависи од големината на нарачката, и од моменталниот распоред на патувања на доставните возила на Дексико. Во секој случај, тоа е предмет на интерен договор меѓу нас – доколку производите не можат да Ви бидат испорачани со нашите доставни возила, а Вам ви се итни – ќе најдеме алтернативен начин тие да стигнат до Вас во најбрз можен рок.



top
copyright DEKSIKO 2008 | правна поука