дома
контакт
КОИ СМЕ НИЕ 

ДЕКСИКО Д.О.О. е водечки увозник и дистрибутер на детски играчки во Македонија, кој е редовен добавувач на широка мрежа малопродажни објекти низ земјата, како и на останати клиенти кои имаат потреба од детски играчки. Нашиот продажен асортиман  вклучува играчки увезени од земјите на ЕУ, САД, Кина, Хонг Конг, Турција, како и артикли произведени од македонски производители. Во нашиот продажно – изложбен салон ќе најдете просечно од 800 до 1.200 активни артикли (на залиха), а асортиманот постојано се освежува со нови производи кои пристигнуваат просечно на 15 дена.

Со повеќегодишното искуство (од 2001г.) и својот вреден тим талентирани вработени, денес со гордост кажуваме дека наши задоволни клиенти се стотици купувачи - продавници за играчки, книжари, гифтшопови, маркети, супермаркети, градинки, институции, фирми...

Од над 700 регистрирани деловни партнери, во моментот редовно опслужуваме (редовно снабдуваме со производи) околу 250 локации, а овој број секојдневно расте.

Нашата визија е да станеме и останеме првокласен добавувач кој ги задоволува и најултимативните потреби на нашите клиенти во поглед на производниот асортиман и квалитет, цените, квалитетот на услугата и љубезноста и ефикасноста.

Ако играчките се Вашиот бизнис, или тоа ќе станат, Ве покануваме да го посетите нашиот изложбено-продажен простор и да уживате во одличниот избор и услуга. Како да Ве најдам?

За да ги разгледате нашите производи on-line, пополнете ја контакт формата со податоци за Вашата компанија за да Ви испратиме корисничко име и лозинка за пристап до on-line магацинот.

top
copyright DEKSIKO 2008 | правна поука