дома
контакт
НАЧИН НА РАБОТА 
Вашата нарачка може да ја направите на било кој од следните начини:
  • Нарачување преку Интернет. Со Вашето име и лозинка се логирате на страната на web магацинот, со што Ви се овозможува пристап до системот за on-line нарачки со помош на којшто можете да ги гледате сите производи кои во моментот ги имаме на залиха, и да пребарувате по разни критериуми - категории, цени, старост на залихи, шифри, називи итн.
  • Нарачување од магацин.  Ако лично не посетите во нашите изложбено-продажни простории, можете избраните производи веднаш да ги земете со Вас, или да нарачате и ние да Ви ја доставиме нарачката до Вашиот објект.
  • Нарачување од наш комерцијалист.  Доколку не сте во можност лично да дојдете во нашиот магацин, или да нарачувате преку интернет, може да не контактирате за да Ве посетиме и да Ви презентираме pdf каталог од производите на компјутер. Предноста кај овој начин на нарачување е голема – ќе заштедите време, енергија и пари, а ќе можете лично да разговарате за производите со нас, да добиете препораки стекнати врз база на нашите искуства со нив, а притоа пребарувањето по производите е многу брзо и ефикасно. Сепак, заради географската оддалеченост и временскиот распоред не сме секогаш во можност да остваруваме вакви посети. Но, во случаите кадешто тоа е можно – ова претставува многу брз и ефикасен начин да направите нарачка.

Нарачки од производи кои сеуште патуваат (не се пристигнати во Дексико).  Покрај тоа што имате можност да бирате производи кои што се на залиха, Дексико Ви овозможува да нарачувате и од оние производи коишто сеуште не пристигнале во магацинот - т.е. сеуште патуваат! На тој начин, Вие ќе можете да резервирате количини од избраните производи уште пред производите да пристигнат, и да бидете сигурни дека нема да останете без најубавите производи, оние кои често целосно се продаваат набргу по пристигнувањето. За сите производи од пратките кои се на пат кон нашиот магацин располагаме со слики, шифри, цени и други потребни податоци за нарачка. Ризикот од грешка заради погрешна проценка при нарачувањето од слики наместо од вистински производи на залиха - не постои - заради тоа што кај нарачките направени на овој начин овозможуваме слободно враќање на сите производи коишто сте ги нарачале од слика, а по пристигнувањето можеби сте сфатиле дека тие се поинакви од претставата што за нив сте ја имале при правењето на нарачката од слики.

top
copyright DEKSIKO 2008 | правна поука